Убиецот на македонскиот таксист: „Мамо, морам во полиција, убив двајца“


„Морам да одам во полиција и да пријавам дека убив двајца мамо“. Со овие зборови 32-годишниот Мирослав Матиќ осомничен за двојно убиство, се простил од својата мајка пред да оди во затвор.

Според податоците на српскиот Курир, откако Мирослав со автоматска пушка го убил таксистот со македонско потекло, Кирил Тренески, го убил и свештеникот Мирослав Чворовиќ (39) по што ги оставил на улица во локви крв како ништо да не се случило и побегнал од местото на настанот.35000miroslav-matic-cira-tr

Извор за српски Курир вели дека по грозоморното убиство, Мирослав се јавил на мајка си и и рекол дека мора да оди да се пријави бидејќи усмртил двајца. Неговите родители останале во шок. Тој не кажал што го натерало да го направи убиството.

Потоа, убиецот отишол во полиција и сам се пријавил за делото кое го направил.

За потсетување, телото на Македонецот беше пронајдено облеано со крв среде улица во Белград, а утредента за време на истрагата, на 150 метри од местото на крвавиот злочин, полицијата го откри и телото на несреќниот Мирослав кој бил убиен бидејќи се нашол на погрешно место во погрешно време.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1