Драган Ѓуриќ убиецот на Тијана е во кома, откако затвореници до претепаа во затворот. Според пишувањата неговата моментална состојба е критична откако затворениците брутално го претепале. Оваа вест кружи на социјалните мрежи иако се уште ниту е потврдена ниту пак информација има на српските медиуми.
Објавена е и оваа фотографија но според мнгоумина се работи за лажна инфомрација и дека човекот на фотографијата не е Драган Ѓуриќ. Сепак не кликајте на линковите за наводно видео од тепањето бидејќи очигледно се работи за вирус. Изгледа ова е уште една од измислените бомбастични вести како би го заразиле вашиот профил на социјалните мрежи.
Драган беше осуден на 40 години затвор за убиство на малата Тијана а уште и пред пресудата имаше закани од затворениците дека ќе го ,, пречекаат како Северина,, и дека ќе му се одмаздат за она што го сторил. Поради тоа беше донесена одлука убиецот да биде под посебен надзор и во посебен дел како би се заштитил од нападите на затворениците.