Убиецот на Тијана казната го стигнува во затвор


-Секој пат кога ќе дојде неговата мајка во посета, прво го прашува како му е и дали издржува. Драган неволно и одговара, а потоа доаѓа период кога двајцата заќутуваат и гледаат во една точка. Тогаш тој започнува да плаче, а потоа и неговата мајка.

tijana zatvor

Драган Ѓуриќ, убиецот на малата Тијана Јуриќ (15) во затворот потполно психички “пукна“. Тој е емотивно растроен, слабо комуницира со стражарите, а кога во посета ќе му дојдат членовите на семејството, тој постојано плаче.

Како што пренесуваат српските медиуми, еднаш неделно во затворот го посетува неговата мајка.

Кога бил уапсен, Ѓуриќ на сослушувањето бил потполно ладнокрвен, бил смирен и не покажувал знаци на каење. Но, при психијатриското вештачење на моменти давал впечаток дека се обидува да глуми лудило, бил облечен само во гаќи, се смеел на сила и зборувал дека имал секс со момчиња и девојчиња, дека бил и во врска со мажени жени, но не давал детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1