Ненадејно на 46 години почина Оливер Костуранов, претседател на Одборот на директори на Телеком


Во Скопје, вчера ненадејно почина претседателот на Одборот на директори на Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија Оливер Костуранов.
Од компанијата информираат дека Костуранов ја вршеше функцијата претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком од мај 2010 година и беше максимално посветен на оваа позиција со голем ентузијазам.

telekom-socuvstvo

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со искрено сочувство до семејството, соопштија дека изразуваат длабоко жалење за ненадејната смрт на претседателот на Одборот на директори, Оливер Костуранов.

-Тој ја вршеше функцијата претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком од мај 2010 година и беше максимално посветен на оваа позиција која ја извршуваше со голем ентузијазам. Оливер Костуранов ќе го паметиме како голем човек кој ја заслужува нашата најдлабока почит и врвен професионалец кој даде огромен придонес во унапредувањето на компанијата и нејзините вработени, соопшти компанијата.

Од таму нагласуваат дека прераната смрт на Костуранов претставува голема загуба за Македонски Телеком и Т-Мобиле, како и на Маџар Телеком и на Дојче Телеком групациите.

Оливер Костуранов почина вчера на 46 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1