Убија горила во ЗОО за да спасат дете кое влегло во кафезот (ФОТО)


Вработените во Зоолошката градина во Синсинати, Америка, убија горила откако четиригодишно момче ја прескокнало оградата и влегло во каналот во кој престојуваат животните. Поради овој потег, цела Америка е во солзи и ги обвинува управителите на Зоолошката градина, но и родителите на момчето.34BD01D800000578-3615099-image-a-3_1464566596788
На видеоснимката се гледа момчето кое горилата го влече низ плиткиот канал. Горилата тогаш застанува, со детето кое лежи под него и го набљудува. На прикажаната видеоснимка, горилата воопшто не се обидува да му наштети на момчето. Потоа, момчето го превзема друга горила по име Харамбе и го влече 10-тина минути.

– Вработените во Зоолошката градина мораа да донесат тешка, но исправна одлука за да го спасат животот на малото момче. Исходот можеше да биде многу лош – соопштил директорот на Зоолошката градина Тејн Мејнард и додал дека инјекциите за смируввњае не се користени во овој случај, бидејќи не би имале толку брзо дејство.

Мејнард заклучил дека „момчето сигурно било во опасност“, иако не било директно нападнато.34BF5B5D00000578-3615099-image-m-91_1464545053716

Од управата на Зоолошката градина е соопштено дека вработените морале да пукаат во горилата тешка 180 кг, бидејќи се работело за ситуација „опасна по живот“, пренесе „Би-би-си“.

Горилата е убиена само еден ден по нејзиниот 17-ти роденден, а оние кои ги погодила оваа трагедија сметаат дека тоа е „бесмислена смрт“.

Момчето потоа е одведено во локалната полиција, но и по неколку часа обиди, полицијата не можела да добие никакви информации од момчето, па дури ниту како се вика.

За оваа несреќа многумина не ја обвинуваат горилата, туку родителите на четиригодишното момче, бидејќи поради нивното невнимание детето упаднало во каналот, а горилата страдала.34BD01E900000578-3615099-A_special_zoo_response_team_shot_and_killed_a_17_year_old_gorill-a-44_1464536396311

По оваа несреќа момчето и рекло на својата мајка дека само сакало да влезе во водата. Додека вработените во Зоолошката градина сметаат дека ова ситуација била „опасна по живот“ и дека поради тоа ја исфрлиле солуцијата со инјекцијата за заспивање и дека до пукањето во горилата морало да дојде. Повеќе од 1.000 луѓе на социјалните мрежи сметаат дека тоа било „класично убиство“.

Многумина исто така ги обвиниле родителите на момчето за смртта на горилаата.

„Толку убава и невина горила мораше да умре и сето тоа поради немарноста на родителите кои не можат да го контролираат своето дете. Човештвото е за никаде“, е само еден од обвинувачките коментари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1