Луис Гаравито (целосно име Алфредо Гаравито), е роден на 25 јануари 1957 година, е Колумбиски сериски убиец кој беше осуден за убиство на 189 момчиња во 90-те години.
Голем број од жртвите на Гаравито живееле во сиромашни соседства одделени од своите семејства, кои не можеле да ги гледаат и да се грижат за нив. Токму поради тоа во тој период се шпекулирало дека нивните исчезнувања биле игнорирани или занемарени.
Гаравито, најмладиот од седумте деца, живеел во западна Колумбија.
На училиште одел само неколку години и имал мошне тешко детство бидејќи често пати бил злоупотребуван од неговиот татко и неколку негови соседи.
За време на убиствата во 1990 година голем број колумбиски момчиња, на возраст помеѓу 8 и 16 години, биле пријавени како исчезнати или мртви, а нивните тела биле брутално осакатени со знаци на сексуално злоставување.
Пронаоѓањето на гробишта во кои имало 36 тела на млади момчиња близу до градот Переира, во 1997 година предизвика национална потера.
Во 1999 година Гаравито, кој бил познат по неговите проблеми со алкохолот и психичките болести, бил уапсен под сомнение за сексуален напад на младо момче.
На крајот тој ги признал убиствата но само на 140 момчиња, но судот го осудил Гаравито на 835 години затвор за убиство на 189 деца.
Гаравито најчесто напаѓал преправен во свештеник или калуѓер, под името „Ел Кура“, а довербата кај децата ја придобивал со тоа што им давал пари и јадење и пиење.
Убиствата извршил во најмалку 11 од 32 Колумбиски департмани, а се сомнева дека убивал и во Еквадор.
Извор – Факултети.мк