По 50 години дознале дека се близначки


Џени и Хелен се близначки кои биле раздвоени уште по раѓањето. 55 години не знаеле една за друга. Џени Смит била одгледана во богато семејство, каде била разгалена единица и таткото ја учел да игра голф. Додека Хелен Лумсден останала со својата биолошка мајка и била одгледана од насилен татко кој редовно ја тепал, трпела и физичко и психичко малтретирање.

bliznackiНајголемиот дел од детството Хелен го поминала во модрици, и веќе во 15-тата година и покрај својата интелигенција била испишана од училиште за да работи во бутик.

Џени за тоа време уживала во животот, посетувала приватно училиште и посетувала часови по виолина. Пораснала во една од најуспешните голферки на Велика Британија, додека Хелен била болничарка и мајка. 

Сепак, судбината ги зближила овие две сосема различни жени-тие по повеќе од половина век откриле дека се близначки кои мајката ги дала на посвојување.

Нивната потрага за вистинското потекло траела долго и донела неочекуван пресврт.

Хелен во почетокот мислела дека е 16 месеци помлада од Џени, но по една година истражување дошле до заклучок дека се близначки. Имено, во 1981 година, Џени побарала копија од оригиналниот извод од матичната книга на родените, на која се нашла и адресата на нејзината мајка во времето на нивното раѓање. Отишла на адресата и таму сретнала човек кој и рекол дека сестрата на нејзината мајка сеуште живее во близина. За неа, таа посета и го сменила животот.

Со Хелен се сретнала многу подоцна, дури во 2007 година и веднаш се вклопиле една со друга. Тогаш мислеле дека се полусестри, па одлучиле да направат ДНК тест и да утврдат дали имаат ист татко. Дури кога откриле дека се сестри, а по напорното детективско истражување дознале дека се близначки.

-Сега не можеме да си го замислиме живото една без друга. Жал ни е само што нашата мајка не беше искрена и што ни ги искомплицира животите- велат тие.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1