Убил дедо во Свети Николе за 500 евра


Во Свети Николе, во четвртокот, непознат крадец, при грабеж во стан го убил сопственикот, за да му украде само 500 евра.

Како што соопшти полицијата, во четвртокот во периодот од 13 часот до 18.20 часот во Свети Николе, на ул.„Рахилка Гонева“, во стан, непознат сторител извршил разбојништво над С.К. (91), при што одзел 30.000 денари.kradec 1

Сторителот влегол низ незаклучена врата и со тап предмет физички го нападнал С.К., нанесувајќи му повреди по целото тело. Откако изнудил да каже каде ги чува парите, ги зел и го напуштил местото.

Синот на повредениот го пренел С.К., во неконтактибилна состојба, во ЈЗУ-Свети Николе, каде по укажаната помош истиот е пуштен е дома, а ноќеска во 2 часот по полноќ им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1