Убил и друго дете, го издала мајката – во неговиот дом најдено телото на детенце исчезнато 4 месеци


Германската полиција го пронашла телото на шестогодишниот Елијас, кој што се води како исчезнат од јули оваа година. Потрагата по детето кое што исчезнало од пред неговиот дом во Потсдам близу Берлин, заврши со потврдата дека пронајдената ДНК е идентична со телото откриено во дворот на имот на осомничениот за друго убиство.

pedofil dete

Локацијата на телото е пронајдена по признанието на 32-годишниот убиец на четиригодишното дете од Босна и Херцеговина, Мухамед Јанузи, кој што на 1 октомври беше киднапиран пред бегалски центар во Берлин додека ги чекал своите родители и браќа и сестри. Неговото тело минатата недела беше пронајдено во багажникот на возилото на убиецот.

Осомничениот кој согласно германските закони во оваа фаза од истрагата се именува како Силвио С. беше уапсен во четвртокот, откако неговата мајка го препознала на сликите од безбедносните камери на кои што се гледа како за рака го држи малиот Мухамед. Тој ги признал сексуалните злосторства и убиствата на двете деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1