Убиство и самоубиство на брачна двојка во Прилеп


Брачна двојка од Прилеп денеска е пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство, станува збор за убиство и самоубиство.

Мажот имал 81 година, а жената е 76-годишната Илка Нешкоски.

Според јавната обвинителка Маријана Илиеска, случајот е пријавен од минувач кој го забележал телото на Мице Нешкоски под балконот од зграда во населбата „Димо Наредникот“.

– Телото под балконот во атриумот на зградата го пронашол случаен минувач нешто пред 12 часот, денеска напладне. Според првичните сознанија станува збор за убиство и самоубиство, зашто во станот на брачната двојка е пронајдено телото на сопругата Илка со прострелна рана во главата од пиштол, а сопругот под балконот. Истрагата е во тек – изјави Илиеска.

Според станарите брачната двојка имала мирен и добар брак. Се претпоставува дека сопругата во последно време боледувала од склероза.

Кога се случил настанот, брачната двојка била сама во станот на третиот кат во зграда од населбата „Димо Наредникот“. Живееле со синот, снаата и со едно внуче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1