Убиство кое ја потресе Германија: Ја убил бремената девојка, ја запалил и ја оставил во шума


Ерен Тобен (20) бил очаен што наскоро ќе стане татко, па со помош на пријател ја намамил својата девојка во шума во близина на Берлин, ја убил и ја запалил. Телото на 19-годишната Марија Пајнер било пронајдено на периферијата на главниот град на Германија.

Девојката во времето на нападот била во осмиот месец на бремноста, а нејзиното момче ја намамило со изговор дека ќе купуваат облека за деца.Ubistvo-Germanija-630x355

Момчето и неговиот пријател ја нападнале девојката со парче дрве, потоа ја изболе со нож во стомакот , ја полиле со бензин и ја запалиле.

– За него злосторството било решение. Сакал да биде слободен и да има живот над кој би имал контрола. Ја злоупотребил љубовта на Марија и и поставил замка – изјавила судијката Регина Алекс.

Марија се радувала што ќе стане мајка. Меѓутоа, Тобен станал нервозен поради тоа што ќе стане татко, и одлучил да ја убие, било кажано на судот. Нејзиното тело, ден откако била убиена, го пронашол случаен минувач, а Тобен и неговиот пријател биле уапсени.

Отпечатоците од прстите на Тобен се пронајдени на ножот кој бил во близина на телото. Тобен и неговиот соучесник Даниел Мулер за ова стравично злосторсво се осудени на 14 години затвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1