Убиство во Дива Населба во Куманово – зет го уби таткото и рани братот на екс сопругата


Седумдесет и едно годишниот Рахим Р. е лицето кое претпладнево беше убиено во кумановската „Дива населба“.

Со тешки повреди се здобил неговиот 30 годишен син Аднан откако во нив пукал нивниот зет.

Според информациите на дел од медиумите, убиецот по нападот избегал со автомобил „БМВ“. причина за убиството се семејни недоразбирања.policijavonl

Од Обвинителството соопштуваат дела по наредба на надлежниот обвинител издадена е  наредба за прибирање на траги од лице место, вршење на потребни вештачења, како и за обдукција на  починатото лице.

-Вооружениот напад се случил претпладнево, кога  осомниченото лице, државјанин на Косово  кој привремено престојувал во Швајцарија, со огнено оружје ранил две лица, и тоа таткото и братот на неговата поранешна сопруга. На прострелните рани веднаш им подлегнал седумдесет и едно годишниот Р.Р. од Куманово, се вели во соопштението од ЈО.

На триесет годишниот син кој се здобил со тешки телесни повреди  му се пружа медицинска помош.

Осомниченото лице во моментов е недостапен на органите на прогонот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1