Убиство во Охрид – убиен сопственик на ресторан и уште едно лице (Фото)


Две лица се убиени во оружен инцидент што се случи вечерва, 30 минути пред полноќ во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, пренесе Охридњуз.

Како што информира СВР Охрид, засега непознато лице со истрели од огнено оружје, пиштол смртно застрело две лица. Напаѓачот е во бегство и по него трага полицијата. Причните за овој немил настан кој ја потресе охридската јавност се уште се непознати.

Престрелката се случила во угостителскиот објект Император на излезот од Охрид, каде напаѓачите, неофицијално заради нерасчистени сметки го убиле газдата на локалот и уште едно лице.

За кус период ова е второ двојна убиство во Охридско-струшкиот регион. Пред околу 10 дена жител на Вевчани, со огнено оружје уби двајца свои сограѓани.

oh-2 oh-3 oh-4

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1