Две лица се убиени во оружен инцидент што се случи вечерва, 30 минути пред полноќ во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, пренесе Охридњуз.
Како што информира СВР Охрид, засега непознато лице со истрели од огнено оружје, пиштол смртно застрело две лица. Напаѓачот е во бегство и по него трага полицијата.
Причните за овој немил настан кој ја потресе охридската јавност се уште се непознати.
За кус период ова е второ двојна убиство во Охридско-струшкиот регион. Пред околу 10 дена жител на Вевчани, со огнено оружје уби двајца свои сограѓани.