Борис Тадиќ им се извини на Македонците


Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ синоќа присуствуваше на завршната претстава на фестивалот Охридско Лето која беше во изведба на театарот „Звездара“ од Белград.

tadic-1Тој истакна дена се чувствува виновен што како претседател на Република Србија не упатил извинување на македонскиот народ поради некои лоши работи во историјата и потенцираше дека за него било многу важно да се решат некои нерасчистени прашања од историјата особено прашењето со црквата.

Многу пати сум доаѓал во Македонија како претседател на Србија и мене ми беше многу важно многу спорни и нерасчистени прашања од историјата да ги надминиме, овде посебно мислам на прашањето со црквата, затоа што ова на некој начин е единствената кочница во развојот на идните односи.

Од друга страна органски сме поврзани, историски, со културата со музиката. Не постои точка на една нација која не се присутни силните врски помеѓу македонскиот и српскиот народ. Денеска имав можност и да разговарам со ваши научници, историчари, не само со политичари. Некои од нив ми кажаа многу важна работа и се чувствувам како виновен што како претседател на репуплика не упатив извинување на македноскиот народ од позиција на претседател поради некои лоши работа во историјата, кога овде била српската жандармерија и кога немаше секогаш сјајни искуства за македонскиот народ. Еве токму поради тоа, како поранешни престедател, сакам да го упатам и тоа извинување и да ја поправам мојата грешка која ја направив како претсадател на републиката. Еве и на овој начин сметам дека допринесувам во зближувањето на двата народи – рече Тадиќ по завршивањето на последната претстава од годинешното Охридско Лето.

Импресиониран од убавините и архитектурата на Охрид, Тадиќ рече дека Охрид е еден брилијантен град кој би бил многу инспиративен во иднина за него.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1