Четириесет и шестгодишниот Столе М. е убиен во неговиот стан во штипската населба „8 Ноември“.
Портпаролот на СВР Штип, Зоран Зафиров денеска соопшти дека телото на Столе М. го пронашол неговиот татко вчера попладне.
Зафиров рече дека на лице место излезени се истражен судија и јавен обвинител, а обдукцијата врз телото покажала дека станува збор за насилна смрт.
Повеќе детали околу убиството надлежните велат дека ќе соопштат во попладневните часови.
Vest