Ким Хјун Хи дала ексклузивно интервју, говорејќи од тајна локација во Јужна Кореја, 51 годишната поранешна терористка живее во страв дека убијците од Северна Кореја ќе се обидат да дојдат до неа, само за да ја спречат во објавувањето на доверливите информации за конзервативната држава на која некогаш верно и служела.
“Мислев дека нашиот водич Ким Ил Сунг всушност е Бог. Бевме научени да го ставаме него и пред своите родители. Од мали нозе не учеа да велиме: “Фала ти голем водичу за се!”. Доколку некој кажеше нешто погрешно, па дури и ако станувало збор за ситна грешка, луѓето завршуваа во логори. Северна Кореја не е држава, тоа е секта”, изјавила Ким.
“Еден ден покрај моето училиште се појави црна лимузина. Во неа беа луѓе од партијата и ми рекоа дека јас сум одбрана. Немав време ниту да се простам од пријателите, само ми беше речено да се спакувам. Тоа беше во 1980 година”, раскажала Ким.
Таа била испратена во севернокорејската елитна школа за обука на шпиони, добила и ново име под кое дејствувала, научила боречки вештини икако да користи оружје. По долгите обуки, во 1987 година била подготвена да ја одигра смртоносната улога која што и ја доделил синот на “големиот водич”, Ким Џонг Ил, кој ја добил титулата “драгиот водaч”.
Во 1987 година таа добила директна наредба од тогашниот лидер Ким Ил Џонг да крене во воздух еден од авионите на линијата КАЛ 858. “Драгиот водaч” лично ја наредил операцијата за подметнувањето на бомба во јужнокорејскиот авион. Неговата крајна цел била попречувањето на Олимписките игри во Сеул 1988 година, затоа што се верувало дека спортистите ќе се исплашат од урнатиот авион.
Хјун Хи и уште еден агент, кој се претставувал како нејзин татко, тогаш патувале со јужнокорејскиот авион преку Европа и до Бахраин, каде што излегле од авионот откако поставиле пластичен експлозив во делот за багажот. Авионот експлодирал над џунгла во близина на тајландската граница, при што сите 115 патници го загубиле својот живот. Потоа САД ја ставија Северна Кореја на листата на земји кои што го спонзорираат тероризмот.
Откако бил уапсен во Бахраин поради поседување на фалсификуван пасош, нејзиниот лажен татко се убил проголтувајќи капсула со цијанид, но Ким, која тогаш имала 25 години, не успеала во истиот обид. Јужнокорејскиот суд ја осудил на смртна каза, која подоцна сепак била укината и таа живеела слободно на југот од земјата.
Во текот на истрагата, ја возеле низ Сеул и таа сфатила дека сето она што на север го говорат за оваа “ѓаволска земја”, всушност била само обична лага. “Убив невини луѓе. Кога ме уапсија, очекував смртна казна”, изјавила Ким. Таа навистина била осудена на смрт, меѓутоа казната подоцна била укината затоа што владата го донела заклучокот дека во Северна Кореја на Ким и бил испран мозокот.
Денес, кога е омажена и има две деца, таа секој ден живее во стравот дека агентите од Северна Кореја ќе дојдат и ќе ја убијат. Во Јужна Кореја ја нарекувале Мата Хари, а таа денес изјавила дека живее покајнички живот. верува дека најновите закани од Пјонгјанг се само обиди да се добие поддршката за новиот лидер, Ким Џон Ун.