Убивал деца со допир на копче: Еве како живее со тоа! (Видео)


Израелскиот командант, задолжен за далечинско управување со беспилотните летала “Heron TP”, секојдневно одлучува за животот и смртта на голем број луѓе во појасот Газа, кои за него се само точки на мониторот. Ова е неговата приказна.

Мајор Јаир, еден од најискусните израелски команданти кои управуваат со дронови, веќе три години се наоѓа во епицентарот на судирите во Газа. Од ден во ден, овој 31-годишен Израелец се бори тешки морални дилеми и носење на одлуки кои можат да бидат фатални.komandant-izreal

Како командант на леталото “Heron TP”, тој е задолжен за пронаоѓање на потенцијални мети. Јаир е во константна дилема, дали со ликвидацијата на луѓето кои ги гледа на екранот ќе спаси повеќе животи, или резултатот ќе биде спротивен.

За работата да биде уште почувствителна, Јаир нема време да размисли за својата одлука, со оглед на тоа што деликатната ситуација од него бара моментална реакција.

“Одлучувате за живот или смрт во рок од неколку секунди. Гледате сомнително движење, но сè уште не знаете за што се работи. Дали да реагираш или не? Притоа, мора да имаш во предвид дека целата одговорност лежи на твојата совест, твојата и само твојата”, рекол Јаир за новинарот на британски Telegraph.

Бидејќи на израелските команданти им е забрането да даваат изјави, Јаир, на кого ова не му е вистинско име, побарал да остане анонимен.

Тој го опишал последниот судир меѓу Израел и Хамас, кој траел 50 дена без престан. Дронот “Heron” со кој управува, има распон на крила како “Boeing 737”, што го прави најголемо беспилотно летало во израелската војска. Сензорите под контрола на неговите прст гледаат апсолутно сè што се случува на површината. Сепак, тоа не е гаранција за Јаир, бидејќи припадниците на Хамас често се маскираат во обични граѓани, што многу ја отежнува работата на израелскиот командант.

International Mine Countermeasures Exercise 2013 off coast Bahrain

Тој опишал ситуација кога за дел од секунда требало да лансира ракета кон припадник на Хамас, кој во следниот момент се нашол на друга улица преполна со деца, и автоматски станал недопирлив.

“Ниеден командант не би се осудил да реагира во таква ситуација, каква наредба и да добие од претпоставениот”, тврди Јаир.

“Свесни сте дека во рака држите живот на невино дете, и во тој момент во главата имате вистинска експлозија на емоции, грижа на совест и голем, огромен стрес. Тоа може да ве фрустрира, бидејќи рацете ви се често врзани. Во многу ситуации ја лоцирам метата, но не можам ништо, бидејќи на улицата има многу луѓе.”, вели тој.

Сепак, бројките не одат во пресрет со исказот на овој Израелец. Според извештајот на ОН, од 2.192 Палестинци кои загинале во последните судири во појасот Газа, 519 биле малолетни. Јаир признава: “Грешиме. Но учиме од тие грешки. По инцидентите во кои страдаат деца, скршени сме и ние. Се обидуваме да ги намалиме таквите ситуации”.

На прашањето како спие навечер, и дали го прогонува сеќавањето на бројните невини жртви кои страдале во неговите напади, тој одговорил:

“По три војни во Газа, научив да живеам со тоа. Сепак, грешките кои сум ги правел ми се враќаат како бумеранг, и воопшто не ми е лесно. Не се обидуваме да ги “закопаме” тие работи и да се преправаме дека не се случиле. Разговараме за тоа, ги споделуваме своите стравови и тага поради грешките кои сме ги направиле”.

Посетите на психолог, поради природата на работата со која се занимава, станале негово секојдневие. Посебно бидејќи работното време му трае од 10 наутро до 2 навечер. Следат неполни 8 часа сон и потоа сè од почеток. Прстот на копчето, а животот на цивилите повторно зависи од неговата милост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1