Московскиот истражен совет соопштил дека задржале едно 20-годишно момче поради сомнение дека извршило седум убиства, и една 25-годишна девојка, за која се верува дека учествувала во четири од убиствата.
“Задржаниот осомничен изјави дека ги извршил убиствата за да го исчисти градот”, изјавил московскиот истражен судија.
Тој е обвинет за убивање на бездомници, кои пиеле алкохол и кои живееле на улиците на Москва.Ги убивал на подалечни места навечер, наведено е во соопштението на истражните органи.Според веб страната Life News, парот убил неколку луѓе кои пиеле во паркот.
Порталот ја пренел и изјавата на Александар Јевсејев, татко на еден од убиените, кој рекол дека неговиот 35-годишен син излегол да испие едно пиво со пријателите во паркот, и дека бил избоден 107 пати во нападот.
Втора наводна жртва на овој пар е човек кој имал место за живеење, но долго време минувал пиејќи во паркот, додека останатите жртви навистина биле бездомници.
Двојката била уапсена откако нападнале со нож уличен чистач, кој успеал да преживее и да ги идентификува.