Ученик им ставил солна киселина на другарчињата во сокот во училиште во Србија


Во Средното стручно училиште во Србија е избегната голема трагедија, откако 15-годишниот ученик Л.М. се обидел да ги отруе своите соученици со солна киселина.

Ученикот од засега непознати причини ставил солна киселина во сок, па го дал шишето на двајца другари. Тие веднаш почувствувале горчлив вкус во устата и го исплукале сокот, а потоа дал да се напијат на уште двајца ученици.

За среќа не ја голтнале течноста, а ученикот е однесен во полиција со родителите, педагог и социјална служба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1