Вистинска крвава драма се одвивала во текот на вчерашниот ден околу 18 часот во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје.
Според првичните информации, две лица со остар предмет нападнале 15- годишен ученик, при што му нанеле расекотини во пределот на градниот кош и рамото.
Повредениот, веднаш е пренесен во Ургентен центар.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.