Училиштата имаат пари, не смеат да бараат од родителите за хартии и сапуни


„Купете хартија за тестови, тоалетна хартија, сапун“. Наставниците и директорите кои ова го велат треба да се пријават во општината.

Министерството за образование и наука одлојува пари за оваа намена. Општините го доставуваат до училиштата за наведен основ.uciliste-25-maj-mji-31

Родители, не е ваша обрска да ги набавувате овие материјали.

Голем број родители се жалат за ова. Нормална е реакцијата кога некој ќе ви каже дека нешто е потребно за вашето дете, да отидете да го купите. Но вие не сте должни да набавувате било какви материјали за самото училиште.

Она за што постојано стигнуваат жалби е лошата хигиена во училиштата ширум цела земја. Непријатна миризба, сапуни и тоапелтна хартија нема. Оваа слика неретко е предмет на жалби. Ниту набавката на средства за во тоалетите не е обврска на родителите.

Тоа се препишува на негрижа на персоналот. Дотациите редовно се исплаќаат и ако училиштете остане без пари за средства, сапуни, крпи, тоалет, за тоа треба да достави извештај. Каде отишле тие пари?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1