Училиште на стравот во Шведска: На цело одделение девојчиња им ги осакатиле гениталиите


Во училиште во градот Норкопинг на истокот на Шведска, биле откриени дури 60 случаи на FGM, односно осакатени гениталии кај девојчиња.

devojciceВо едно одделение со 30 девојчиња, 28 од нив биле подложени на инфибулација, еден од најекстремните методи во кој клиторисот и срамните усни се во целост исечени, а гениталиите се потоа сошиени на начин што останува само мал вагинален отвор.

Полицијата во многу краток рок издала наредба за детална истрага на ова неверојатно злосторство. Во училиштето биле повикани сите расположливи екипи за на девојчињата да им биде пружена секаква потребна помош.

Освен што обрежувањето често предизвикува и ментални заболувања, не се ретки ниту хроничните вагинални инфекции, нередовна менструација, потешки проблеми со бубрезите и неплодност.

“Прво ги откривме најекстремните случаи. Една девојка имаше толкави менструални болки што моравме да ја одведеме во болница”, опишала координаторката за здравје на учениците во Норкопинг, Петра Блом Андерсон.

Уште од 1982. година женскиот обред во Шведска е незаконски, а пред 15 години нелегално станало и обрежување на деца од Шведска во странство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1