Удвоена затворската казна: Писториус ќе биде 13,5 години зад решетки


Јужноафриканскиот врховен апелациски суд во Блоемфонтен го осудил славниот спортист Оскар Писториус на казна од 13 години и 5 месеци поради убиството на својата девојка, Рив Стинкамп, јавува агенцијата АФП.

Судијата рекол дека Писториус требало да биде осуден на 15 години, но судот го земал предвид времето кое веќе го поминал во затворот.

Во јуни, минатата година, Писториус беше осуден на шест години затвор поради убиството на својата девојка. Се очекуваше дека обвинителството ќе се жали, бидејќи тогаш рекол дека не им е прифатлива казна помала од осум години затвор.

Судот сега во вториот степен ја удвоил затворската казна за Писториус.

Ја уби девојката со четири куршуми

Славниот спортист на кого како дете поради вродени деформации му биле ампутирани двете нозе под колената, ја уби својата девојка Рис Стинкамп со четири куршуми испалени низ затворената врата на бањата на 14 февруари 2013 година. Во текот на судењето тврдел дека слушнал бучава среде ноќта и мислел дека во куќата има провалник.

Обвинителите го обвиниле дека лаже и го опишале како вжештена глава со краток фитиљ и тврдиле дека во девојката пукал намерно по кавгата. Судијката Токозиле Масип прифатила, меѓутоа, верзијата на Писториус и го осудила во 2014 година на пет години затвор за убиство од немарност.

Но, по една година помината во затвор бил пуштен во домашен притвор.

Меѓутоа, Апелацискиот суд во декември 2015 година ја преиначил пресудата за убиство од немарност во убиство, а Врховниот суд ја отфрлил неговата жалба на таа пресуда.

Најниската казна за убиство во Јужна Африка е 15 години, но очигледно преовладало мислењето дека во случајот на Пистороус има повеќе олеснителни околности.

Земјата воочи пресудата беше поделена. Некои сметаа дека неговото судење ја зајакнува довербата во правосудниот систем, други пак, дека поранешниот атлетичар е привилегиран, бидејќи е богат белец.

Писториус, кој влезе во историјата како првиот параолимпиец кој рамногправно се натпреваруваше со атлетичарите без инвалидитет на Олимписките игри во 2012 година, некогаш беше африканското златно момче, јунакот кој го надмина хендикепот и стана меѓународна суперѕвезда. Писторуис ќе стекне право на условна казна откако ќе отслужи половина казна. На казната нема да се жали, рекол неговиот адвокат Ендрју Фосет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1