УЕФА одлучи 3:0 за Србија службено, но и одзеде три бода за лоша организација


Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши прекинатиот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2016 меѓу Србија и Албанија да го регистрира со 3:0 за Србија службено, но домаќинот нема да добие бодови.Mitrovic of Serbia grabs an Albanian flag that was flown over the pitch during their Euro 2016 Group I qualifying soccer match against Albania at the FK Partizan stadium in Belgrade
Србија следните два натпревара ќе ги игра без публика, а двете федерации се казнети и парично. Висината на паричината казна за двете федерации е иста и изнесува 100.000 евра.
Во следните пет дена одлуката на Контролната и дисциплинска комисија на УЕФА ќе биде доставена до фудбалските федерации на Србија и на Албанија.
Секоја од страните има право да најави жалба во рок од три дена по добивањето на одлуката и потоа за пет дена и да ја образложи жалбата.
Тричлената Контролна и дисциплинска комисија на УЕФА работеше во состав: претседател Томас Партл (Австрија) и членови  Жоел Волф (Луксембург) и Ханс Лоренц (Германија).
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1