Уффф боли – Србите не згазија – 5:1 а си дадовме и автогол


Фудбалската репрезентација на Македонија ја заврши најнеуспешната кампања во својата 20-годишна историја со пораз од 5:1 против Србија во Јагодина и последно место во квалификациската група А за мундијалот во Бразил 2014.

fudbal srbijaИзбраниците на в.д. селекторот Зоран Стратев беа тотално надиграни од северниот сосед, кој можеше да слави и двоцифрена победа, силно мотивиран да се реваншира за поразот во Скопје од 1:0.
Бламажата почна со автоголот на Стефан Ристовски во 16. минута, три минути подоцна зголеми Душан Баста, а за 3:0 на полувремето погоди Александар Коларов од пенал во 38. минута. Во вториот дел за „орлите“ прецизни беа Душан Тадиќ во 54. минута и Стефан Шќеповиќ во 73. минута, а почесниот погодок за „црвено-жолтите“ го постигна Адис Јаховиќ само што влезе во игра седум минути пред крајот.
Македонија ги заврши квалификациите со седум бода, забележувајќи две победи, едно реми и седум порази, со гол-разлика 7:16. За македонскиот национален тим ова беше јубилеен 50. настап во едни квалификации, во кој го претрпе 29. пораз, а има и 11 победи и 10 нерешени.

Дерби.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1