Угледен исламски теолог: Сребреница не е геноцид – сѐ е план на Западот и НАТО (ВИДЕО)


Шејх Имран Хусеин, угледен исламски теолог и филозоф, наведе во порака до муслиманите во целиот регион на Балканот, дека злосторството што пред 20 години се случи во Сребреница, не е геноцид, јави Танјуг.

islamist za srebrenica

Во како што рече, „пораката до муслиманската заедница во Босна, но исто така и до оние во Косово, Албанија и Македонија, и целиот регион на Балканот“, која е поставена на Јутјуб, Хусеин наведува дека во Сребреница е „спроведен системски план протуркан од страна на Западот и НАТО…“.

Тој политиката која наметнува став дека Србите извршиле геноцид врз муслиманите ја нарече мрачна, и рече дека „таа политика ја спроведуваат истите институции кои дозволиле да се случи масакр во Сребреница“, додава Танјуг.

– Мое мислење и сакам да го поделам со бошњачките муслимани е дека верувам оти повеќето православни христијани во БиХ, Србија и регионот исто така би го осудиле убивањето на муслиманите во Сребреница, наведе Хусеин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1