Велосипедската патека да не ја користат пешаци и мотоциклисти


Општина Аеродром апелира до граѓаните да го почитуваат правото на велосипедистите и ролерџиите да ги користат патеките покрај Вардар и покрај булеварите наменети исклучиво за нив, пред сè од безбедносни причини.kej vardar tocak

Велосипедските патеки не смеат да ги користат пешаци, ниту мотоциклисти, а особено не лицата кои ги шетаат своите миленици, бидејќи претставуваат потенцијална опасност за велосипедистите и ролерџиите, за кои се наменети овие патеки. Во спротивно следуваат парични казни, доколку ги затекнат Општинските комунални служби, кои во придружба на полицијата од денеска ќе почнат со засилени патроли низ општината.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1