Угостителите и пушачите пресреќни – непушачите ифрит лути


Владата прави комплетно нов закон за пушење цигари, а како што најавија оттаму, пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите и рестораните каде што се служи храна. Дали ќе се пуши во кафулињата и во дискотеките, ќе одлучат самите угостители, велат од Владата, но доколку се решат на таков чекор, сопствениците ќе треба да платат лиценца за која сè уште не е познато колку пари ќе чини, а ако не го сторат тоа, тогаш пушењето и понатаму ќе остане забрането во нивните локали. 

– Ако сакаат да биде дозволено пушењето цигари, тогаш сопствениците на локалите ќе треба да платат лиценца. Апсолутно ова не се однесува таму каде што се служи храна. На законот работат стручни луѓе и ние сакаме да спроведеме меѓународна практика – рече Заев.

Пред да се донесе новото решение, премиерот најави и организирање јавни дебати, со цел да се слушне мислењето на пошироката експертска јавност, а како што дознаваме од извори во Владата, можно е новиот закон да биде изгласан до крајот на годината, бидејќи како што велат, зимата е најголем проблем и за пушачите и за угостителите.

 

Во јавноста и на социјалните мрежи се појавија и безброј остри критики за одлуката повторно да се дозволи пушење цигари во затворен и јавен простор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1