Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 20 до 25 степени
Во Скопје слично време, претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.