Нови детали за инцидентот во семејството – уапсен сопругот на Наташа Беквалац


Некогашниот спортист и ИТ експерт, Лука Лазукиќ е уапсен вчера попладнето во Белград, после вчерашниот напад врз сопругата Наташа Беквалац, во нејзиниот стан на Дедиње, пишува Курир.рс

Тој е приведен во станот на неговите родители, каде отишол утрината веднаш после инцидентот и нападот врз сопругата во нејзиниот ста.

Лазукиќ ја нападнал Нташа рано утрината околу 4 часот, кога наводно дошол пијан дома, а таа во телефонот му пронашла љубовни пораки, после што набрзо избувнала кавга. Веднаш следувал и физички напад во кој Наташа прво ја удрил во глава, а потоа и во окото, по што се здобил со видливи повреди.

Во моментот на нападот, во домот биле Наташа, бебето и дадилката, додека за среќа, постарата ќерка била на гости кај родителите на Наташа.

Според новите законски одредби кои се однесуваат на семејно насилство, за полесни повреди на насилник му се одредува затворска казна од 3 месеци до 3 години, која може да бида и условна, а за тешки телесни повреди од 2 до 10 години затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1