УХМР најавува: Интензивни снежни врнежи во ноќните часови


Во доцните попладневни и во ноќните часови врнежите од снег ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат поинтензивни. Насекаде ќе се формира снежна покривка (на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри). Ќе дува умерен до засилен севетер ветер.mk sneg44

Ова е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за до крајот на денот.

Во Скопје ќе биде обласчно со врнежи од снег кои повремено ќе се интензивираа, а ќе се формира снежна покривка до околу 20 сантиметри.

Во моментот имаме облачно време, а во северната половина од земјава има врнежи од слаб снег.

До 16 часот снежната висината на снежната покривка е следна: 33 Маврови Анови, 27 Лазарополе, 26 Пожаране, 20 Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, 9 Ѓуриште, 4 Крива Паланка, 3 Штип и Виница, 2 Берово, 1 Тополчани и Крушево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1