Снежна покривка до изутрина (во см.): 1 Ѓуриште.
Времето денес: Сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, на планините повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје температура до 9 °C.
Под влијание на јужно струење во наредните денови температурите ќе бидат релативно високи. Утре ќе преовладува облачно време, а по котлините ќе биде магливо.
Во вечерните и ноќните часови, во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Потоа за време на викендот ќе бидеме под влијание на нов влажен бран со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота.
Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег.