Времето денеска претежно сончево и топло, на повеќе места со надпросечни дневни температури на воздухот за овој период од годината. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови.
Ќе дува засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.
Во Скопје температура до 35 °C.Времето утре 12.09.2017 : Утре предпладне сеуште ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, во текот на денот постепено ќе престануваат. В среда ке има услови за краткотраен локален дожд. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време, и малку посвежо, но понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст.