УХМР со нова најава за временските прилики, дожд и грмежи вечерва


 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во ноќните часови ќе има делумно намалување на облачноста и на брзината на ветерот.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура од 2 до 12, а максималната од 14 до 23 степени. УВ=5

СКОПЈЕ: Променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура 7, а максималната до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1