УХМР со вонредна најава: Еве што не очекува од вечерва до сабота


Од денес, па се до сабота претпладне нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска циркулација од Медитеранот. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во попладневните и ноќните часови, како и утре претпладне, особено во западните и јужните делови.

На места врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Од овој влажен бран, на повеќе места се очекува да наврнат над 45 л/м2 воден талог. Утре кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува, така што в сабота врнежите ќе бида слаби и локални.

Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови.

Од недела се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1