УХМР со вонредна прогноза: попладне невреме, а од недела студен бран доаѓа кон Македонија


Метеоролозите најавуваат значително намалување на температурите и нов студен бран кон крајот на месецот.

По прилично топлите денови до крајот на неделата кога се очекуваат и температури до 25 степени студена воздушна маса, ќе ја расипе забавата.

Уште од идниот вторник се најавуваат и првите негативни температури, а верувале или не, во ноќта кон четврток ќе се создадат и првите услови за провејување на снег. Максималните дневни температури ќе достигнат само 8 степени, што значи не си ги пакувајте подебелите јакни и капути.

Сепак студеното време ќе се задржи само идната недела. Во последната од март се чека повторно зголемување на температурите, а она што е важно за земјоделците и крај на периодот во кој постои опасност од мразови.

Нестабилно време со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи се очекува во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Преку ден ќе дува јужен ветер кој ќе предизвика значително повисоки дневни температури кои ќе достигнат дури до 25-тиот степен.

Локално се очекуваат поинтензивни процеси, а врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови кога температурите ќе бидат во опаѓање.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат локален дожд и ретки грмежи за денеска попладне, а краткотраен дожд ќе има и во Скопската котлина

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1