УЈП ја објави листата на должници – проверете дали сте на неа


Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.9/2017 за долгови доспеани до 31.05.2017 и неплатени до 31.08.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, и тоа за износ повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност, како и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

На последната листа на долгови доспеани до 31.05.2017 и неплатени до 30.08.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини најголем долг има „Отекс“ Охрид со над 742 милиони денари или над 12 милиони евра.

ЈП „Македонија пат“ и натаму должи над 456 милиони денари или 7,5 милиони евра.

Со долг од 431 милион денари е и „Ел Дон Кастило Ангел, Експорт Импорт “ Скопје.

И овојпат на листата се наоѓаат и јавните комунални претпријатија од Тетово и Гостивар.

Националната установа Македоската опера и балет (МОБ) на државата за неплатен данок и должи 2 милиони денари или околу 33.000 евра.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура дел од Македонските железници пак, должи 46,5 милиони денари или 760.000 евра за неплатени даноци

На листата се и неколку телевизии меѓу кои најголем долг има Македонската радио телевизија која што има вкупен долг од 105.197.071 денари или 1,7 милиони евра.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1