Истекува рокот за поднесување на Годишна даночна пријава за остварените дополнителни приходи до Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи информира дека до сега 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава, а се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата.
Со цел да се намалат турканиците пред даночните шалтери особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром.
Пријави можат да се достават и преку мобилните даночни шалтери.