Управата за јавни приходи ги повикува исплатувачите на персонален данок на доход да поднесат годишен извештај за 2015 година за извршена исплата на приходи на физички лица по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права и добивки од општи игри на среќа.
Годишните извештаи се поднесуваат најдоцна до 31 јануари, задолжително по електронски пат.
Исплатувачите кои вршеле исплати на приходи, задолжително треба да издадат збирна сметка за исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2015 година најдоцна до 25 јануари.