Жителите на село Лакавица на кои вчера од страна на УЈП им беше затворена единствената продавница информираат дека попладнево е отворена од надлежните инспекциски служби.
Благодарни се што по нивната реакција, случајот им е решен и не мора да патуваат 16 километри за да си купат еден леб, кој наместо 20 ќе ги чини 120 денари.
Од оваа продавница со основните прехрамбени намирници се снабдуваа не само 150 те жители на село Лакавица туку и жителите на селата Балталија, Горачино, Степанци, Суво Грло и Пухче.