Бебешките млека никако да не се заменуваат со кравјо млеко


Бебињата на возраст до најмалку една година никако да не се префрлуваат од исхрана со адаптирани млека на кравјо млеко, советуваат педијатрите и специјалистите за исхрана по веста што одекна во светските медиуми дека во млекото за бебиња на најголемите светски производители се најдени траги од алуминиум, чии вредности се повеќекратно поголеми од дозволените.

bebe siseОд нашата Агенција за храна и ветеринарство информираа дека адаптираните млека за бебиња „аптамил“, „хип органик“ и „кау анд гејт“, што се продаваат кај нас, се здрави и безбедни за употреба, а дека извештаите во медиумите не се официјални, пишува Дневник.

Алуминиумот е опасен за здравјето зашто се таложи во коските, а повисоките концентрации може да предизвикаат невродегенеративни болести, да доведат до хронично труење на организмот со овој метал, кој може да е причина и за некои анемии.

Но исхрана со кравјо млеко, може да биде поголема штета за нивното здравје. Бебињата може да добијат анемија и да не напредуваат, па затоа не треба да се хранат со кравјо млеко, кое е наменето за теле, а не за дете! Затоа, првин е најдобро бебињата да се дојат зашто е докажано дека е пониска концентрацијата на алуминиум во мајчиното млеко. Потоа исхраната на најмалите треба да продолжи со адаптирано млеко и тоа додека детето не наполни две години, според најновите сознанија – вели д-р Стефка Грујовска, педијатар-гастроентеролог.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1