Мумио – мистериозен лек за многу болести


Мумио го нарекуваат старо тајно оружје против болестите, го нарекуваат уште и планинска крв, планинска солза и со уште неколку слични имиња. Потекнува од Сибир, а може да се пронајде во карите и пештерите каде што пчелите некогаш имале свои гнезда пред повеќе од илјада години

mumio

Мумио е добар против стареењето и се користи како балзам за мозокот и телото, а исто така се користи и за воспалени места, се користи како антибиотик, анти реуматик и може да ги балансира хормоните. Помага при фрактури на коските и исто така делува на леукотици и на хемоглобинот во крвта.

Во народната традиција мумио се споменува како балзам кој има чудесна исцелителна моќ со мистериозно потекло. Науката потврдува дека тоа е органски,

За него имале напишано голем број на лекари и секој од нив имал своја теза за своето потекло и состав. Се уште не е позната неговата природа и потекло, што го отежнува процесот на негова примена во медицината и фармакологијата.

M3361S-3034

Интересно е како успеал еден истражувач во средна Азија да го открие ефектот од мумио.
На една кокошка и била скршена ногата, тој земал 0,5 грама мумио го помешал со масло од црвени рози. Ливчињата од роза ги натопил во вода, по што смесата ја ставил да зоврие. Водата испарила а останатото масло го процедил со газа. Дел од оваа смеса и ја преврзал околу ногата на скршеното место, а дел и капнал во грлото на кокошката. Вчудоневидувачко е како во рок од само 24 часа коската зараснала. Некогаш истиот ефект се добивал и за помал период.

Модерната медицина потврдува дека фрактурите на коските можат да се излечат за двапати побрзо доколку се користи мумио. Во последните триесет години голем број на студии и истражувања се во корист на позитивната акција во третманот на заболувањата на периферниот нервен систем, тешките случаи на тригеминална невралгија и некои болести на централниот нервен систем мумио може да се користи при лекувањето и на желудникот и дванаесетпалачното црево.

Повеќе за ова како и Рецепти за Мумио на – БабинЛек.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1