СКАНДАЛ: Плацот за Шпанските скали кој државата го продаде имал сопственик – и тоа внук на Мајка Тереза


Државата немала право да го продаде плацот за изградба на Шпанските скали на компанијата Амадеус девелопмент оти за истиот тапија за сопственост има скопскиот златар Гомбар Алојз, внук на мајка Тереза пишува Либертас.

vnuk majka terezaБабата на Алојз и татко и на мајка Тереза, Никола Бојаџиу, биле брат и сестра и по таа линија семејството на Џон Јосифовски (дедо на Гомбар) станале сопственици на куќата на мајка Тереза. Скопскиот златар сопственоста ја докажува со тапија издадена во Тирана од Министерството за надворешни работи на Албанија од 5 август 1947 во која пишува дека Дронда Бојаџиу ( мајка на мајка Тереза) куќата, анот и дворното место ги препишува на Џон Јосифовски, дедо на Гомбар.

– На 8 ми април 2005 поднесов барање во Катастарот да ми издадат имотен лист на плацот и до ден денес ме опструираат, не сакаат да ми издадат иако ја имам тапијата и по своја линија набавив и урбанистички план во кој е вцртан плацот Се обидував да го решам случајот преку градоначалниците на општина Центар но сите ме игнорираа, со образложение дека сега било веќе доцна. За случајот го запознав и Ватикан, и тие се интересираа, но не помага ништо – вели Гомбар за Либертас.

Последната продажба од пред некој ден на плацот од страна на Министерството за транспорт на албанската фирма Амадеус девелопмент за 1 милион и 600 илјади евра логично го засегнала

– Ако државата решила таму да гради редно е прво мене како сопственик кој поседува тапија за него да ме обештети па после да го продава. Вака излегува дека ми е украдена сопсвеноста – вели Гомбар.

Повеќе на – Либертас

vnuk majka tereza1

vnuk majka tereza2

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1