Јапонска метода – ЛЕЖЕТЕ и слабејте – возможо е (Видео/Фото)


Веќе десет години јапонскиот доктор Фукуцуџи им помага на жените да ги загубат непотребните килограми неверојатно брзо. Со методата на доктор Фукуцуџи се слабее без исцрпувачки диети и напорни вежби, и без трошење на големи суми на пари. Што е најинтересно од се, се губат наслагите околу половината, кои, како што велат експертите, никако не можат да се стопат без вежбање. Звучи како сон, ама за среќа овој пат е реалност!

Оваа метода ја пренесува  stipka.com.mk

japonska5

Сé што ви е потребно се неколку крпи и рамна подлога. Суштината на методот е во тоа дека неколку минути дневно треба да лежите на рамна подлога со неколку крпи свиткани во ролна и поставени под половината. На овој начин ќе изгубите неколку сантиметри од обемот на половината ВЕДНАШ! А доколку ја придвижите ролната нагоре и ја наместите под градите, ќе ги поткренете градите и ќе ви се исправи телото. Со оваа метода можете и да се издолжите за некој сантиметар!

Во своите истражувања доктор Фукуцуџи се концентрирал на скелетот и коските и заклучил дека главната причина за широкиот обем на половината е разидувањето на карличните и подребрените коски. По низа експерименти тој емпириски ја докажал неговата хипотеза и развил метода за брзо губење на наслагите на стомакот.

1. Прво треба да направите ролна од крпи и да ја преврзете со некаква соодветна лента. Ако имате проблеми со грбот се препорачува помека и помала ролна.

japonska1

2. Потоа треба да легнете на рамна и тврда подлога, не се препорачува на кревет, туку подобро на соодветна подлога на подот

3. Ја поставувате ролната под грбот, точно под половината, односно под папокот. Ролната треба да биде малку поширока од ширината на грбот

japonska3

4. Опуштете се. Поставете ги нозете во ширина на рамениците и свиткајте ги стапалата така што ќе се допираат само палците на нозете

japonska4 (1)

5. Рацете треба да ги испружите над главата, да ги свитката дланките надолу и да ги споите малите прсти

japonska4 2

Позицијата можеби ќе ви изгледа малку непријатна, но на почетокот испружете ги рацете колку можете и погрижете се да се допираат палците на нозете и малите прсти на рацете – тоа е најважно.

Лежете во оваа позиција пет минути.

Можете да лежите и три пати дневно по пет минути, но првиот пат само пет минути е сосема доволно. Важно е по сеансата да станете многу пополека. Прво свртете се на страна, па седнете и потоа станете, избегнувајќи нагли движења.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1