Поштар од Србија со големо срце – го воодушеви светот со она што го прави (Видео)


Кога Филип Филиповиќ бил именуван за поштар во оддалечените села на планините од Јужна Србија, тој сфатил дека ќе мора да пренесува многу повеќе од само писма.

postar-srbija“Знаев дека нема да можам да ја свртам главата и да бидам слеп за реалноста, за состојбата во која живеат овие деца, без ништо, како и за осамените и напуштени постари лица”, вели триесетгодишниот човек чија што приказна ја објавила агенцијата “AFP”, но истата ја пренела дури и новинската агенција “Bangkok Post”.Филиповиќ е поштар задолжен за разнесување на поштата до десетина села на границата покрај Косово. “Кога видов дека децата мораат да пешачат до училиштата и по 10 до 15 километри секојдневно, а живеат без вода и струја, најчесто во една соба со родителите, одлучив некако да помогнам”, започнал да ја раскажува Филип својата приказна.

“Си реков себе си дека морам нешто да направам. На неколку километри од цивилизацијата во 21-от век имаме луѓе заборавени во 19-от век”, додал тој. Филип започнал со реновирањето на поштата во трошна зграда во која било сместено и локалното основно училиште, а за обновувањето тој вложил сопствени пари.

postar-srbija2

Филиповиќ дури им купил и ранци за на училиште, тетратки и пенкала, а обезбедил средства и за шест компјутери. Исто така, тој успеал да ги обнови тоалетите во дворот од училиштето, а во текот на својот годишен одмор ова лето, Филип направил детско игралиште.

“Кога ги видов лулашките му реков дека е најдобар, подобар и од Дедо Мраз”, изјавил осумгодишниот Александар, едно од дечињата кои што имаат поубаво детство благодарение на Филип. “Две лулашки и тобоган… За децата од градовите тоа сигурно не е ништо, но за овие дечиња тука, тоа е промена на целиот универзум”, изјавил низ смеа овој прекрасен човек!

Истовремено, од својата плата, која изнесува одвај 300 евра месечно, тој им носел чоколади и сокчиња на дечињата во далечните села. “Нема повеќе продавници во селата, па на жителите им го купувам она што им е потребно”, раскажал младиот хуман човек.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1