УЈП удри во Велебрдо и Ростуше – затворени кладилници


Управата за јавни приходи (УЈП) доцна вчера затвори диви обложувалници во селата Ростуше и Велебрдо.

ujp1Од објектите кои работеле нелиценцирано, даночните инспектори ја запленија целокупната техничка опрема (телевизори, компјутери и печатари) и затекнатиот промет во готово стекнат од нелегалното приредување на игри на среќа.

Покрај заплена на опремата и запечатување на објектите, за лицата-приредувачи  изречена е глоба во вкупен износ од 2000 евра и ќе следат кривични пријави.

Карактеристично за нелегалното вршење на дејност е што најчесто истото се врши во неозначени локали, сместени во објекти за семејно домување, каде работат лица кои не се пријавени…

Секој случај на нелегално приредување на игри на среќа, нерегистрирано вршење на дејност и други неправилности, граѓаните можат да го пријават во УЈП на бесплатната телефонска линија 198.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1