Сида на Балканот: 20 години живее со ХИВ: И пријателите бегаа од мене


Борис Ковачиќ (47) во 2001-та година дозал дека е ХИВ позитивен и дека болеста е во напредната фаза, бидејќи најверојатно се заразил седум до десет години пред откривањето.

borisПо неколку години изолација, во 2007 година животот на медицинскиот работник во инвалидска пензија, сега претседател на Здружението “Став+” и Унија на организации во Србија кои се занимаваат со луѓето кои живеат со ХИВ, почнал да се менува на подобро.

– Поради претходните сексуални односи без заштита, со лицето со кое и денес живеам, отидов на тест. Само мојот резултат беше позитивен. Немав никакви симптоми, но инфектологот ми кажа дека веднаш мора да се започне со лекување, бидејќи мојот имунолошки систем е многу лоша, објаснува Ковачиќ.

Ја имал поддршката од своето семејство, но кога во болницата каде што работел им соопштил на раководителите дека е ХИВ позитивен, го префрлиле од операционата сала, што било почеток од едно на друго место и друга позиција, иако имал препорака од Светската здравствена организација и инфектолог дека може да работи со зголемена претпазливост.

– Некои колеги не сакаа да пијат кафе со мене, ме прашуваа зошто немам посебна чаша. Кога им се доверив на пријателите, многумина од нив никогаш повеќе не ми се јавија. На забави бев единствениот кој добивав пластична чаша, а капката се прели кога една колешка од архива рече дека ќе даде отказ доколку треба да работи со мене. Јас поднесов барање за пензија и живеев во изолација, опкружен со само луѓето кои знам дека нема да ми наштетат, раскажува Борис.

Denesen.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1