По паниката која што се крена на социјалните мрежи дека во дворот на УКИМ бесплатно им се делат апчиња на студентите со образложение дека се добри за концентрација, по барање на 1ТВ се огласи и Агенцијата за храна и ветеренарство кои велат дека се работи за додаток на храна.
– Производот Vigorix intense, 30 капсули, произведен од “Herba Medica d.o.o Preserska cesta 5, 1235 Radomlje, Словенија” а увезен и ставен на пазарот во Р. Македонија од страна на операторот со храна Бионика Фармацеутикалс, доо ул. Скупи бр.15, 1000 Скопје” е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство како додаток на исхрана со Мислење бр. 18-5274/2 од 28.07.2015. Производот е одобрен по утврдување на усогласеноста на приложената документација за производот со националните прописи кои се однесуваат за оваа група на производи и документите – Известување од Агенцијата за лекови и медицински средства, пренесе 1тв.