Укинат куќниот притвор за Јанакиески за „Титаник“


Кривичниот суд пред десетина дена му го укинал куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности, но и понатаму му важи куќниот притвор за 27. април.

Одбраната на Јанакиески вели дека укинувањето е резултат на тоа што не може паралелно да бидат активни две мерки куќен притвор.

– „За 27. април имам куќен притвор и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот. Тоа по закон значи да не смеам да пуштам маилови и да комуницирам на мобилен со нив“, рече Јанакиески денеска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1